Аеродром Приштина
Аеродром Приштина Aeroporti Ndërkombëtar i Prishtinës Међународни аеродром Приштина | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||
Писти | |||||||||
Правец | Должина | Површина | |||||||
ft | m | ||||||||
17/35 | 8.210 | 2.501 | Асфалт |
Меѓународниот аеродром во Приштина (IATA: PRN, ICAO: BKPR / LYPR) (албански: Aeroporti Ndërkombëtar i Prishtinës; српски: Међународни аеродром Приштина), е меѓународен аеродром сместен 16 километри од центарот на Приштина, Косово. Аеродромот е под раководство на владата на Косово, по предавањето на контролата од страна на УНМИК, и е главна порта за влез во Косово[1].
Историја
[уреди | уреди извор]Аеродромот во Приштина беше официјално отворен во 1965 година, со една и едиствена цел, летови од и до Белград. Во текот на 90-тите години, аеродромот започна да оперира на меѓународни одредишта, главно до Швајцарија и Германија. По завршувањето на косовската војна, од 12 јуни 1999 до 26 јуни 1999 година имаше мала напнатост помеѓу НАТО и Руските воени сили коишто во тие моменти го имаа заземано аеродромот. По потпишувањето на договорот со којшто Руските воени сили ќе останат дел од мировните сили во Косово, аеродромот беше реактивиран како воен аеродром на 15 октомври 1999 година, а потоа и како цивилен аеродром со оперирање на неколку одредишта ширум Европа.
Награди
[уреди | уреди извор]Во Јуни 2006 година, аеродромот ја доби наградата за најдобар аеродром за 2006 година во категориите: развој на аеродромот, операции, аеродромски објекти, безбедност и однос кон патниците од страна на Меѓународниот совет за аеродроми.
Авиокомпании и одредишта
[уреди | уреди извор]Следните авиокомпании оперираат од аеродром заклучно со јули 2008:
- Adria Airways (Љубљана)
- Austrian Airlines (Виена)
- British Airways (Лондон Гетвик)
- Croatia Airlines (Загреб)
- Germanwings (Келн/Бон, Хамбург, Штутгарт)
- Germania (Берлин Тегел, Диселдорф, Штутгарт)
- Meridiana (Верона)
- Norwegian Air Shuttle (Осло)
- Scandinavian Airlines System (Копенхаген)
- Turkish Airlines (Истанбул Ататурк)
Charter Airlines
[уреди | уреди извор]- Air Italy (Верона)
- Atlasjet (Анталија, Истанбул Ататурк)
- Aurora Airlines (Диселдорф, Минхен, Хановер, Келн/Бон, Штутгарт, Марибор, Виена, Венеција)
- Edelweiss Air (Женева, Цирих)
- Hello (Женева, Цирих, Базел)
- Jettime (Гетеборг)
- SunExpress (Анталија)
- Swiss International Air Lines (Цирих)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Civil Aviation Authority of the Republic of Kosovo“ (PDF). Caa-ks.org. Посетено на 20 April 2018. [мртва врска])