Алаетин Тахир
Алаетин Тахир (23 април 1949, Скопје - 29 јануари 2004, Скопје) — раскажувач, новинар, книжевен критичар, преведувач, пишувал на турски и македонски јазик, бил припадник на турска национална заедница во Македонија.[1][2][3]
Алаетин Тахир Alaettin Tahir | ||
Роден | 23 април 1949 Скопје | |
---|---|---|
Починал | 29 јануари 2004 Скопје | |
Националност | Турска | |
Занимање | новинар, писател |
Животопис
уредиАлаети Тахир е роден во Скопје, каде што го започнал и завршил своето образование со дипломирање на Филозофскиот факултет во Скопје. Неговата предаденост на уметност, на книѓевноста и посветеноста на турскиот јазик го одликува и неговото дело. Работел како уредник на културна редакција во весникот Бирлик, бил дописник на весникот „Тан“ од Приштина. Како новинар има работено во Македонска радио-телевизија, во турска редакција, каде што меѓу многу други реализации, работел и како реализатор и помошник режисер на ТВ-драми Споменар, Гостинка, Белиот волшебник и др. Од 1992 година бил член на Друштво на писатели на Македонија.
Дела
уредиАпартман 18, (книга раскази, објавена 1972 година); Портрет, (книга раскази, објавена 1980 година).Тахир бил наградуван во весниците „Бирлик“ и „Тан“, како и од списнето „Чеврен“
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004, ISBN 9989-855-07-2
- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1470. ISBN 978-608-203-024-1.
- ↑ „ТАХИР, Алаетин“. Македонска енциклопедија. Посетено на 24 март 2024.