Абхазија
Абхазија, официјално: Република Абхазија (апхаски: Адсны Аҳәынҭқарра; руски: Республика Абхазия) - регион во состав на Грузија и де факто независна држава. Независноста на Абхазија е призната од Русија, Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија. Абхазија е меѓународно призната како дел од Грузија. Голем дел од населението на Абхазија има руско државјанство. Главен град на Абхазија е Сухуми.
Географија[уреди | уреди извор]
Абхазија зазема вкупна површина од 8.664,59 км2. Расположена е во северозападниот дел на Грузија. Има излез на Црно Море. На северозапад се граничи со Краснодарскиот крај, а Кавкаските планини служат како граница помеѓу Абхазија и Карачаево-Черкесија. На исток областа се граничи со Сванетија, а на југоисток — со Самегрело.
Релјефот на Абхазија е претежно ридско-планински. Поголемиот дел од населението живее по или во крајбрежјето и во долините со големи водни текови. Климата е блага и во советско време Абхазија била позната под името „грузинска ривиера“. Кавкаските планини служат за преграда пред студените северни ветрови. Климата по крајбрежјето е суптропска, а средната годишна температура во Абхазија е околу 15 °C. Средните јануарски температури се 4-6 °C, а средните јулски варират меѓу 22 и 23 °C. Силниот мраз ретко се сретнува во зимата по Црноморието.
Реоните со надморска висина над 1000 m имаат планинска клима, во која зимите се многу студени, а летата се долги и топли. Со зголемувањето на надморската височина (над 2000 m) зимата е уште постудена, а летото — пократко.
Економија[уреди | уреди извор]
Платежни средста во областа се апсарот и рубљата. Во Абхазија се произведува чај, тутун, вино и плодови.
Демографија[уреди | уреди извор]
Населението на Абхазија се состои од околу 244.236 жител. Од нив 50,7% се Абхази и само 17,9% се Грузијци. 17,4% се Ерменци, додека 9,1% се определуваат како Руси. Останатите се Грци (0,6%) и други народи (4,4%).
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Карта на Грузија со Абхазија и Јужна Осетија
-
Нови Атхос манастир
-
Гагра
-
Адскиот водопад
-
поглед на Сухуми 1
-
Поглед Сухуми 2
-
Сухумскиот парк
-
Сухумската ботаничка градина
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- President of the Republic of Abkhazia. Official site (en, ru, ab, tr) Архивирано на 7 ноември 2006 г.
- Abkhaziya.org Архивирано на 3 април 2006 г.
- Abhazia.com
- www.apsny.ru
- www.abkhaziya.info Архивирано на 21 август 2006 г.
- apsni.com
- abkhazeti.ru
|
|
|