Васил Папанчев
Изглед
Васил Папанчев | ||
Роден | 1857 Штип, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1933 Софија, Бугарија |
Васил Папанчев или Васил Панчев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. Тој е еден од првите покрстени членови на Организацијата. Работи како комисионер во канцеларијата на продавачот Саздо Ризов во Солун. Во првите години на постоењето Организацијата, Панчев доставува литература, материјали и пошта од внатрешноста на Македонија за Централниот комитет [1]. Гевгелискиот раководител на Организацијата, Илија Докторов пишува:
- Во тие два анoви-хотели, кои беа еден до друг, постојано се навртуваа Васил Панчев, поп Стам Танчев, Атанас Мурџев и Григор Иванов Тотев. Тоа четворицата беа најдоверливите помошници на Даме Груев. Со нив се регулираа, тајните состаноци на Даме Груев со лица кои доаѓаат од провинцијата по организациски работи; ним им се доделуваа работи од сериозен карактер, тие беа во постојан конкакт со сите терористи и преку нив се праќаше и примаше тајната пошта од провинцијата [2].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 349.
- ↑ „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 55-56,