Вексилолошка терминологија
Вексилолошката терминологија вклучува поими со кои се објаснува дизајнот и описот на едно знаме. Голем дел од вексилолошките поими се проследени и со графички симбол што го олеснува описот на дизајнот.
Делови на знамето
[уреди | уреди извор]Едно знаме може да ги има следните делови:
- амблем - приказ на одреден грб или останат хералдички симбол
- позадина - основната боја на знамето на која се наредени останатите елементи
- прицврстен дел - двата кантона кои се наоѓаат до јарболот, односно половина знаме
- слободен дел - двата кантона кои се наоѓаат од спротива на јарболот, односно половина знаме
- кантон - која била четвртина од знамето, но сепак најчесто за кантон се смета горниот лев кантон.
- беџ - кој било хералдички симбол прикажан на знамето
- гранична лента - тесни ленти кои се наоѓаат помеѓу две големи ленти за да се означи разграничување.
- долен и горен раб - рабовите на знамето
- агли - четирите агли на знамето
Симболи
[уреди | уреди извор]Некои држави имаат едно национално знаме кое се користи во неколку контексти, за разлика од останатите држави кои имаат неколки знамиња за различни контексти. Честопати, пловното знаме и знамето од истиот контекст се со ист дизајн, како што е случај со Република Македонија. Постојат шест основни контексти кои со комбинирање се добиваат повеќе. Комбинирањето е во зависност од намената на знамето. Шесте основни контексти се[1]:
- граѓанско знаме – се вее од страна на народот
- државно знаме – се вее од страна од владините институции
- воено знаме – се вее од воените институции
- пловно знаме – се вее на приватни објекти, како на пример приватни бродови
- управно пловно знаме – се вее на владини објекти, како на пример владини бродови
- морнаричко знаме – се вее на воени бродови
Останати симболи
[уреди | уреди извор]Постојат и останати симболи кои појаснуваат како знамето изгледа, како што е дизајнот, истакнувањето и слично. Симболите за општа уботреба се:
- Нормална или де јуре верзија на знамето или предна страна
- Дизајн предложен во минатото, но не се користел официјално
- Дизајнот е реконструкција заснован на минат опис
- Задна страна на знаме
- Дизајнот е прифатлива верзија на знамето
- Алтернативна верзија на знамето
- Де факто верзија на знамето
- Знамето има различен дизајн на предната и задната страна на знамето
- Предната страна е замислена да биде исправена каде јарболот е на десна страна на набљудувачот
- Дизајнот е официјално одобрен да претставува нација
- Дизајн кој се користел во минатото, но денес е напуштен (овој симбол не е во сетот на Смит)
- Задната страна е копија од предната
- Задната страна е во согласност со предната страна
- Информација за задната страна не е достапна
- Знамето може да биде поставено вертикално на нормален јарбол, а потоа да се сврти јарболот за 90 степени
- Знамето може да биде поставено вертикално со претходно ротирање на дизајнот
- Методот за вертикално поставување на знамето не е познат
- Дизајнот нема елемент кој можe да се ротира
- Знамето може да се постави само вертикално
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Официјално мрежно место на FIAV“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-28. Посетено на 2010-10-07.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Вексилолошка терминологија“ на Ризницата ? |