Градиште (Тработивиште)
Изглед
„Градиште“
| |
| |
Местоположба | 41°53′15″N 22°49′00″E / 41.88750° СГШ; 22.81667° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Тработивиште |
Општина | Делчево |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Градиште — археолошко наоѓалиште во околината на село Тработивиште. Претставува градиште од римското време. На североисточниот крај на селото се издига височинка со елипсовидно зараменето плато со димензии 150х150 м, издолжено во правец север-северозапад-југоисток. По неговиот раб се гледаат контурите на бедемот, кои се наместа раскопувани. По површината на теренот има римски тулатули, фрагменти керамички садови, питоси и повеќе монети од II до VI век. На североисточниот крај има друго плато одвоено со длапка, на кое биле откриени водоводни цевки и еден натпис кој, според кажувањето, бил однесен во Скопје(?). Наоѓалиштето е познато од порано во литературата, а И. Венедиков го идентификува со античкиот град Армонија.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Асанова Лака — населба од доцноантичко време;
- Градиште — градиште од римското време;
- Градиште-Голак — градиште од доцноантичкото време;
- Крастати Камен - Слатина —населба од римското време;
- Широчица — старохристијанска црква;
- Тработивиште;
- Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан, Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 132, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |