Градиште I (Ратево)
Изглед
„Градиште I“
| |
Местоположба | 41°40′59″N 22°51′00″E / 41.68306° СГШ; 22.85000° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Ратево |
Општина | Берово |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Градиште I — градиште и некропола од доцноантичкото време. На источната периферија на селото, на висок рид кој има доминантна положба над целата околина, на зарамнетото плато се гледаат темели од бедем. По целиот простор се среќаваат множество парчиња од покривни ќерамиди, а наместа и од керамички садови и питоси. Биле најдени и неколку монети. На 200 метри западно од бедемот, на широка падина се гледаат контури на гробови градени од камени плочи. Неколку од нив биле раскопани и, според податоците добиени од жителите, биле пронајдени керамички садови и монети кои не се зачувани.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Градиште II — градиште од доцноантичкото време и старохристијанска црква;
- Грамади — населба од доцноантичкото време;
- Жизница — населба од доцноантичкото време;
- Манастир — старохристијанска базилика; и
- Слатина — могила од доцноантичкото време.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
|
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на градиште
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Ратево
- Археолошки наоѓалишта во Општина Берово
- Археолошки наоѓалишта во Беровско
- Никулци за археологијата на Македонија