Svoboda | Graniru | BBC Russia | Golosameriki | Facebook
Прејди на содржината

Еднооки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еднооки
Жанркомедија
Воведна темаЛеле Леле Леле
Земја на потеклоРепублика Македонија
Бр. на сезони7
Производство
Времетраење10 - 15 минути
Продукциска куќаКонтрабанда продукција
Прикажување
Првична мрежаА1 (2006-2008)
Канал 5 (2008-2012)
Сител (2012-2016)
Алфа ТВ (2019-2020)[1]
Надворешни врски
Мрежна страницаsitel.com.mk/tv/serii/ednooki-humoristichna-serija

Еднооки е македонска сатирична анимирана телевизиска серија од Контрабанда продукција. Серијата започна да се емитува во април 2006 година. До 2008 година се емитуваше на А1 Телевизија, потоа на Канал 5 Телевизија, од 2012 година до 2016 на Сител телевизија, а од 2019 до 2020 година на Телевизија Алфа.

Во серијата на хумористичен начин се раскажува политичката сцена, спорот со Грција, меѓуетничките односи, односите со соседните држави, актуелните случки, животот на политичарите и секојдневниот живот на народот во Македонија.