Во текот на октомври 1939 година, СССР и поставил ултиматум на Финска во врска со територијалните претензии во реонот кај Ленинград и неколку острови во Финскиот Залив, а како компензација го предложил Карелија. Властите во Финска со тоа не се согласиле. Од една страна, американскиот претседател Франклин Рузвелт се надевал СССР да се повлече од оваа одлука, но Сталин не попуштил. Финска успела да пружи отпор сè до март 1940 година, кога во Москва бил потпишан мировен договор со кој Финска морала да и отстапи 10% од својата територија и 20% од своите индустриски капацитети на СССР.