Знаме на Кирибати
![]() | |
Употреба | државно и пловно знаме ![]() |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 12 јули 1979 |
![]() | |
Варијанта на знамето на Кирибати | |
Сразмер | 1:2![]() |
Усвоено | мај 1937 |
Знамето на Кирибати е официјалното знаме на оваа океанска држава. Знамето на Кирибати е усвоено на 12 јули 1979 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Знамето на Кирибати е усвоено по независноста на државата. Дизајнот на знамето е преземен од грбот на британската колонија Гилбертови и Елиски Острови, само со проширени брановидни ленти и позадина. Знамето и грбот на британската колонија биле направени во 1932 година.
Дизајн
[уреди | уреди извор]Знамето е составено од црвена позадина во горниот дел на знамето, а во долниот дел на знамето има приказ на три брановидни бели и три брановидни сини ленти. Над брановидните ленти има изгрев на златно сонце со 17 краци, а над сонцето има златна птица фрегата. Размерот на знамето е 1:2.
Симболизам
[уреди | уреди извор]Белите ленти ги претставуваат трите островски групи од кои е составена државата, а тоа се: Гилбертови Острови, Острови Феникс и Линиски Острови. Седумнаесетте краци на сонцето ги симболизираат шестнаесетте Гилбертски Острови и островот Банаба.
Официјалното толкување на симболите е следново[1]:
- Птицата е фрегата, која симболизира моќ, слобода и кирибатски танцови шари.
- Изгревот на сонцето го претставува тропското сонце бидејќи Кирибати лежи во близина на екваторот.
- Морето е Тихиот Океан, каде и се наоѓа државата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Знаме на Кирибати, flagspot.net
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Знаме на Кирибати, flagspot.net
|