Игор Анѓелков
Изглед
Игор Анѓелков македонски писател, критичар и уредник, роден е на 5 ноември 1974 година во Скопје.
Животопис[уреди | уреди извор]
Дипломирал на "Интердисциплинарните студии по новинарство", а магистрирал на мастер студиите по "Медиуми и комуникации" на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје[1].
Активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на книжевноста, музиката и филмот, а долго време беше дел и од екипите на скопските радија "Канал 103" и "Равел".
Повеќе десет години е уредник на популарната едиција "ПРОаЗА" во издавачката куќа "Или-Или", а исто толку години е автор и уредник на филмскиот магазин "Филмополис" на ТВ Телма.
Дела[уреди | уреди извор]
- Кротки приказни, кратки раскази, 2006 година;
- Крај-пат, роман, 2010 година;
- Фото синтеза, роман, 2013 година[2];
- Филм.мкд, од областа на филм, 2015 година;
- Филмски град, од областа на филм, 2018 година;
- Шрапнел, роман, 2020 година.
Награди[уреди | уреди извор]
- Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за 2015 година;
Романите Крај-пат, и Шрапнел беа во најтесна конкуренција за Рациново признание.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 2020-12-15.
- ↑ https://www.slobodnaevropa.mk/a/24949906.html