Милош Павчев
Милош Павчев | ||
Роден | 1921 година Бањани, Скопско, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 19 јули, 1944 година Глог, Врање, Србија ранет, заробен, па убиен со бајонет од страна на бугарската војска | |
Националност | Македонец |
Милош Димчев Павчев ( 1921 Бањане, Скопско ― 19 јули 1944 во Глог, Врање, Србија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Израснат бил во сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Кога бил повикан во бугарската фашистичка војска на отслужување на воениот рок настојувал да избега, но не можел да добие врска со партизаните. Во почетокот на 1944 година избегал од војската и заминал во Врањскиот партизански одред. Подоцна преминал во Третата македоноска ударна бригада, со која учествувал во повеќе борби. На 19 јули 1944 година во борбите против бугарските окупаторски единици кај Глог, во близина на Врање, бил ранет во двете нозе и заробен, а потоа од еден бугарски војник, бил убиен со бајонет. Бил закопан на местото каде што бил убиен.[1]