Svoboda | Graniru | BBC Russia | Golosameriki | Facebook
Прејди на содржината

Народна држава Баварија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Народна држава Баварија
Volksstaat Bayern
1918–1919
Flag of Баварија
Flag
Народна држава Баварија (црвено) прикажана со остатокот од Вајмарската Република.
Народна држава Баварија (црвено) прикажана со остатокот од Вајмарската Република.
Главен градМинхен
Говорени јазициГермански
УредувањеСоцијалистичка република
LegislatureПарламент на Баварија
Историски периодПрва светска војна
• Основана
8 ноември 1918
• Престанала да постои
6 април 1919
ВалутаГерманска Папирмарка
Претходници
Наследници
Германско Царство
Кралство Баварија
Вајмарска Република
Баварска Советска Република
Денес дел од Германија

Народна држава Баварија (германски: Volksstaat Bayern) — краткотрајна непризнаена социјалистичка држава во Баварија од 1918 до 1919 година. Народната држава Баварија била основана на 8 ноември 1918 година за време на Ноемвриската револуција, како обид за социјалистичка држава да го замени Кралството Баварија. Државата ја водел Курт Ајснер до неговото убиство во февруари 1919 година и коегзистирала со ривалската Баварска Советска Република од 6 април 1919 година, со нејзината влада под Јоханес Хофман прогонет во Бамберг. Народната држава Баварија била распуштена по основањето на Слободната држава Баварија на 14 август 1919 година.