Svoboda | Graniru | BBC Russia | Golosameriki | Facebook
Прејди на содржината

Островот Фантазија

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Островот Фантазија“
Плакатот на филмот
РежисерЏеф Водлоу
Продуцент
Главни улоги
МузикаБер Макрири
КинематографијаТоби Оливер
МонтажаШон Албертсон
ДистрибутерSony Pictures Releasing
Премиера14 февруари 2020 г.
Времетраење109 минути
Земја САД
Јазик
Буџет7 милиони долари
Бруто заработка49 милиони долари[1]

Островот Фантазија[2] (англиски: Fantasy Island), може да се сретне и како Островот на Фантазијата — американски натприроден филм на ужасите во режија на Џеф Водлоу и сценарио на Џилијан Џејкобс, Крис Роуч и Водлоу.[3] Филмот е ретропродолжение на истоимената телесерија од 1977 г.[4] Џејсон Блум служи како продуцент преку неговиот банер Blumhouse Productions. Sony го објавил филмот на 12 февруари 2020 г.[5]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Стопанственичката Гвен Олсен, поранешниот полицаец Патрик Саливан, полубраќата Џеј-Ди и Бракс Вивер пристигнуваат на островот Фантазија, тропско одморалиште каде фантазиите очевидно се остваруваат. По пристигнувањето, сопственикот на островот г. Рорк ги води гостите до нивните фантазии: Патрик е ангажиран во војна во чест на неговиот покоен татко; Вивери стануваат почесни гости во една забава; Мелани се одмаздува на својата насилничка од детството Слоун Медисон; а Гвен ја прифаќа понудата за брак на нејзиното поранешно момче Ален Чемберс, која таа ја одбила пред многу години.

Мелани дознава дека Слоун била грабната и донесена на островот Фантазија против нејзина волја. Ја спасува од маскиран хирург и двајцата бегаат. Во меѓувреме, Патрик е заробен од воен вод и одведен кај нивниот командант, поручник Саливан, кого Патрик го препознава како својот татко. Како што паѓа ноќта, хирургот повторно ги напаѓа Мелани и Слоун пред да биде убиен од приватниот истражител Дејмон. Тој открива дека Рорк му понудил повторно да ја види својата почината ќерка. Меѓутоа, неговата фантазија се претворила во кошмар што го заробила на островот. Тој исто така објаснува дека фантазиите се создадени од изворска вода под блескава карпа во пештера. Триото собира малку изворска вода и се упатува кон одморалиштето за помош. Гвен се буди следното утро и дознава дека има ќерка со Ален и станува незадоволна. Кога Рорк објаснува дека фантазиите мораат да се исполнат за да може да продолжи неговата сопствена фантазија да биде со неговата почината сопруга, Гвен го убедува да ѝ ја даде фантазијата што навистина ја сакала: да спаси сосед што загинал во пожар.

Непознат за гостите, островот Фантазија почнува да ги претвора фантазиите во живи кошмари бидејќи Вивери се заложници од наркокартел поврзан со сопственикот на имотот, а Гвен е одведена во ноќта кога случајно подметнала пожар во кој загинал нејзиниот сосед Ник Тејлор. Таа дознава дека и другите гости, освен Мелани, биле таму и обидите да го спасат Ник не успеваат, а самата Гвен е спасена од пожарот од помошничката на Рорк, Џулија. На друго место, војниците на Саливан се повикани да ги спасат Вивери. Откако ќе бидат застрелани, картелот оживува како зомбија што ги напаѓаат војниците. Во престрелката што следи, Џеј-Ди е смртно застрелан, а Саливан се жртвува за да можат Патрик и Бракс да избегаат.

Мелани и Слоун се во заседа од зомбираниот хирург додека Дејмон не скокне преку карпа со него, спасувајќи ги по цена на сопствениот живот. Останатите гости се прегрупираат во одморалиштето, но се притиснати во агол од Рорк, кој открива дека се во фантазија во која сите се убиени. Сфаќајќи дека сите биле вмешани во смртта на Ник (Мелани вели дека Ник ја поканил на средба таа вечер, а таа го одбила, поради што бил во станот), гостите претпоставуваат дека тоа е фантазија на Џулија бидејќи веруваат дека Џулија била мајката на Ник. Гостите бегаат на пристаништето за да бидат спасени од авион испратен од соработниците на Дејмон, но тој е соборен. Како одговор, гостите трчаат до пештерата за да ја уништат блескавата карпа со граната што ја носи Патрик. Одеднаш, Мелани го прободува Патрик и ја зема Слоун како заложничка, откривајќи дека тоа е нејзината вистинска фантазија. Таа го организирала нивното пристигнување за да им се одмазди за смртта на Ник, со кого имала состанок и била убедена дека е нејзина сродна душа. Се открива дека Џулија е жената на Рорк, вратена од моќта на островот умирајќи од смртна болест од која боледувала кога го запознала Рорк, и го убедува да им помогне на гостите пред да исчезне.

Слоун се сеќава на изворската вода што ја собрала претходно и посакува Мелани „засекогаш да биде“ со Ник. Како последица на тоа, зомбиран Ник ја напаѓа Мелани и ја влече во водата. Пред да се удави, Мелани ја вклучува гранатата, но Патрик се жртвува и паѓа врз неа за да ги заштити другите. Како што завршува фантазијата, Гвен, Слоун и Бракс се будат во одморалиштето, каде Рорк се согласува да ги пушти. Додека гостите се качуваат на авион за да го напуштат сега прочистениот Остров на Фантазијата, Бракс посакува Џеј-Ди да се врати во живот, но Рорк објаснува дека Бракс мора да остане на островот за да се оствари неговата фантазија. Откако Гвен, Слоун и воскреснатиот Џеј-Ди ќе заминат, Рорк бара од Бракс да му биде нов помошник. Сеќавајќи се на прекарот што му го дал Џеј-Ди, Бракс избира да се преименува во „Тетоважа“, со што ги започнува настаните од ТВ-серијата од 1977 г.

Глумец Улога
Мајкл Пења г. Рорк
Меги Кју Гвен Олсен
Луси Хејл Мелани Кол
Остин Стовел Патрик Саливан
Портија Даблдеј Слоун Медисон
Џими О. Јанг Бракс Вивер / Тетоважа
Рајан Хенсен Џеј-Ди Вивер
Мaјкл Рукер Дејмон
Париса Фиц-Хенли Џулија Рорк
Мајк Вогел поручникот Саливан
Еван Евагора Ник Тејлор
Роби Џонс Ален Чемберс
  1. „Fantasy Island (2020)“. Box Office Mojo. IMDb. Архивирано од изворникот February 25, 2020. Посетено на March 29, 2020.
  2. „Островот Фантазија | Киноверзум МК“.
  3. Miska, Brad (2018-12-01). „Sony and Blumhouse's 'Fantasy Island' is a Horror Film; Set for Release in 2020!“. Bloody Disgusting. Архивирано од изворникот на 2020-08-28. Посетено на 2019-01-15. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  4. McNary, Dave (2018-12-01). „Michael Pena's 'Fantasy Island' Movie Lands 2020 Release“. Variety. Архивирано од изворникот на 2020-09-07. Посетено на 2019-01-15. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  5. „Blumhouse's Fantasy Island (2020) - IMDb“. Архивирано од изворникот на 2020-04-15. Посетено на 2020-02-05. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]