Петар Андреев
Петар Андреев | ||
Роден | 25 август 1879 Стара Загора, Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 16 октомври 1912 Одрин, Турција |
Петар Андреев, со псевдоним Асен [1], — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Андреев е роден на 25 август 1879 година во Стара Загора, Бугарија. Во 1898 година завршува гимназија во Сливен и историја на природата во 1903 година на Софискиот универзитет. Во периодот 1905 - 1907 година работи како професор во одринската гимназија "Д-р Петар Берон", каде што станува член на ВМОРО и е избран за секретар на окружниот комитет. Во 1908 година е делегат на Ќустендилскиот конгрес. Работи како асистент по минералогија и петрографија на Софискиот универзитет од 1909 до 1912 година.
Умира во Првата балканска војна во борбата кај Папаз тепе, кај Едрене на 16 октомври 1912 година [2].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Пърличев, Кирил, „Кюстендилският конгрес на ВМРО 1908 г.“, “ВЕДА-МЖ”, София, 2001 г., стр. 169.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 9.