Svoboda | Graniru | BBC Russia | Golosameriki | Facebook
Прејди на содржината

Свет грал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Исус на Тајна вечера. На масата има чаша, која се смета за Свет грал.

Во христијанската митологија Светиот грал е чинија, чаша или друг сад, од кој пиел Исус Христос во време на Тајната вечера. Друга верзија е дека Јосиф од Ариматеја ги собрал последните капки крв од телото на Исус кога Бил погребaн, и самиот Грал го однел во Велика Британија, каде бил долго време чуван. Во сооднос на ова, се смета дека гралот ја поседува моќта да лекува различни болести или повреди. Темата за барањето на Светиот Грал е приклучена во митовите за кралот Артур.