Svoboda | Graniru | BBC Russia | Golosameriki | Facebook
Прејди на содржината

Томас Дилејни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томас Дилејни
Лични податоци
Роден на 3 септември 1991(1991-09-03)(32 г.)
Роден во Фредериксберг, Данска
Држава  Данска
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд
Број 6
Младинска кариера
Копенхаген Копенхаген
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2017 Копенхаген Копенхаген 172 (19)
2017-2018 Вердер Бремен Вердер Бремен 41 (6)
2018- Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 3 (0)
Репрезентација
2008-2009 Данска Данска 18 3 (0)
2009-2010 Данска Данска 19 11 (1)
2011 Данска Данска 20 2 (0)
2010-2012 Данска Данска 21 11 (0)
2013- Данска Данска 31 (4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 15 февруари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 15 февруари 2012

Томас Дилејни (роден на 3 септември 1991 во Копенхаген) — дански фудбалер, играч од средниот ред на Борусија Дортмунд и на данската репрезентацијата.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дилејни е роден и израснал во Данска. Неговиот татко исто така е роден во Данска, но има и американско државјанство поради неговиот татко (дедото од таткото на Дилејни), кој е роден во САД.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Копенхаген[уреди | уреди извор]

Дилејни ја започнал својата кариера играјќи за КБ, вториот тим на данскиот гигант ФК Копенхаген.

Во сезоната 2008-2009 и покрај тоа што настапувал за КБ, тој бил регистриран во списокот со играчи на ФК Копенхаген за натпреварите од Купот на Данска. Своето деби го направил во првиот натпревар од полуфиналето против Нордвест. Две недели подоцна во реваншот Дилејни играл 60 минути како стартер пред да биде заменет од Шабан Оздоган. Сезоната 2008-2009 ја завршил со само два настапи за првиот тим и двата во Купот на Данска против истиот противник.

Во летото 2009, Дилејни бил промовиран во првиот тим на Копенхаген заедно со Оздоган. На 22 јули дебитирал во европските натпреварувања со погодок во победата со 6-0 на гости над црногорскиот Могрен во квалификациите за Лигата на шампионите. Своето деби за Копенхаген во Данската Суперлига го направил на 9 август 2009 во победата со 1-0 над Сендерјуск влегувајќи како доцна замена на местото на Атиба Хатчинсон на самиот крај на натпреварот. Својата прва сезона како професионален фудбалер ја завршил со 12 настапи (9 во лигата, 2 во купот и еден во квалификациите за Лигата на шампионите) и 1 постигнат гол, но и со првиот освоен трофеј во кариерата откако Копенхаген триумфирал во данското првенство.

Дилејни со Копенхаген во октомври 2013

Во текот на следната сезона бројот на настапи на Дилејни се зголемил на 20 (16 во лигата, 2 во купот и 2 во Лигата на шампионоите) придонесувајќи повеќе во однос на мината сезона за освојувањето на првенствената титула. Својот прв гол во Суперлигата на Данска го постигнал на 16 мај 2011, во ремито 1-1 на гостувањето кај Хорсенс. Тоа бил неговиот единствен погодок за таа сезона.

Во сезоната 2011-2012, Дилејни конечно се изборил да биде стартер во тимот играјќи претежно на позицијата лево крило, а поретко како внатрешен играч од средниот ред. Сепак, успешната сезона му била испресечена со повреди како онаа на мускулното влакно, a потоа и менискалното оштетување со кое се здобил во натпреварот против Лингби на 1 април 2012 поради што морал предвреме да ја заврши сезоната. Тој го пропуштил и финалето на Купот на Данска против Хорсенс во кое Копенхаген победил со 1-0. Тој се вратил во акција дури на крајот на август играјќи ги како замена од клупата последните 11 минути во победата со 1-0 на домашен терен над Лил во последното квалификациско коло од Лигата на шампионите.

На 6 јули 2013, Дилејни го продолжил договорот со клубот до 2015 година. Исто така, пред почетокот на сезоната 2013-2014 го променил бројот на својот дрес од 27 на 8.[2] На 1 септември 2013, тој го одиргал својот 100-ти натпревар за Копенхаген против Виборг.[3] Во текот на оваа сезона бил преместен како централен играч за врска и покажал одлични перформанси во натпреварите против големи екипи како Јувентус, Реал Мадрид и Галатасарај во групната фаза од Лигата на шампионите. На 1 декември 2013, Дилејни за првпат ја носел капитенската лента на клубот во победата со 3-1 на гости кај Брондби во дербито на данското првенство.

Седум месеци подоцна тој бил назначен за регуларен капитен на тимот за сезоната 2014-2015, на возраст од само 22 години. На 16 мај 2015, Дилејни бил прогласен за играч на натпреварот во победата со 3-2 по продолженија над Вестшелан во финалето на Данскиот куп.

На 27 септември 2016, Дилејни постигнал прекрасен погодок со волеј удар од преку 25 метри оддалеченост во победата со 4-0 над Брухе во Лигата на шампионите.[4] Голот влегол и во изборот за најдобар гол за сезоната во Лигата на шампионите и завршил на третото место.[5]

Вкупно за Копенхаген Дилејни одиграл 246 натпревари на кој постигнал 24 гола, освојуваќи 4 шампионски титули во данското првенство (2009–2010, 2010–2011, 2012–2013 и 2015–2016) и 3 Купа на Данска (2011–2012, 2014–2015 и 2015–2016).

Вердер Бремен[уреди | уреди извор]

На 17 август 2016 година, Вердер Бремен објави дека Дилејни ќе му се приклучи на клубот во јануари 2017 година.[6][7] Своето деби во Бундеслигата го направил на 21 јануари 2017, играјќи го целиот натпревар против Борусија Дортмунд во поразот на неговиот тим на домашен терен со 1-2. На 18 февруари 2017 година, го постигна својот прв гол за клубот, од слободен удар, во победата на Вердер Бремен со 2-0 над Мајнц 05 пред да биде изваден од игра во 54-тата минута поради сомневање дека се здобил со потрес на мозокот. Тоа била прва победа на клубот во новата календарска година по четири порази во низа.[8] На 1 април 2017 година, Дилејни постигнал хет-трик, прв во својата кариера, во победата на Вердер Бремен со 5-2 против Фрајбург.[9] Сезоната ја завршил со 13 настапи и 4 гола за Вердер сите во лигата, помагајќи му на клубот да заврши на 8-мото место во Бундеслигата.

На почетокот на сезоната 2017-2018, поради повредите на Златко Јунузовиќ и Никлас Моисандер Дилејни бил назначен за капитен на Вердер во победата против Вурцбургер Кикерс со 3-0 во првото коло од Купот на Германија. Тој продолжил да биде капитен и во првите пет натпревари на Вердер во лигата, сè до шестото коло кога во тимот се вратил Моисандер. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 10 септември 2017 во ремито 1-1 на гости кај Херта Берлин.[10]

Борусија Дортмунд[уреди | уреди извор]

На 7 јуни 2018, Дилејни потпишал четиригодишен договор со Борусија Дортмунд. Сумата која ја добил Вердер Бремен за трансферот на данецот изнесувала 20 милиони евра.[11][12]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Дилејни одиграл 3 натпревари за данската репрезентација под 18 години и 11 за репрезентацијата под 19 години, за која исто така постигнал и еден гол. На 11 август 2010 дебитирал за репрезентацијата под 21 година во пријателски натпревар против врсниците од Италија.

На 1 јуни 2011 година бил повикан да учествува на Европското првенство за играчи под 21 година,[13] но не забележал ниту еден настап на турнирот.

На 15 октомври 2013 дебитирал за сениорската репрезентација во победата со 6-0 над Малта во квалификациите за Светското првенство 2014.[14] Својот прв репрезентативен погодок го постигнал на 1 септември 2014, во победата со 4-0 над Полска во квалификациите за Светското првенство 2018.[15] Само три дена подоцна, во следниот квалификациски натпревар тој постигнал хет-трик во победата со 4-1 на гости против Ерменија.[16]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Данска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
15-10-2013 Копенхаген Данска Данска 6 – 0 Малта Малта Квал. за СП 2014 - заменет 60'
25-03-2015 Орхус Данска Данска 3 – 2 САД САД Пријателска - влегол во игра 46'
29-03-2015 Сен Дени Франција Франција 2 – 0 Данска Данска Пријателска - влегол во игра 88'
07-09-2015 Ереван Ерменија Ерменија 0 – 0 Данска Данска Квал. за Евро 2016 - влегол во игра 56'
09-02-2015 Копенхаген Данска Данска 2 – 2 Шведска Шведска Квал. за Евро 2016 (Бараж) - заменет 46'
24-03-2016 Хернинг Данска Данска 2 – 1 Исланд Исланд Пријателска - добил жолт картон во 40-тата минута 40'
29-03-2016 Глазгов Шкотска Шкотска 1 – 0 Данска Данска Пријателска -
03-06-2016 Тојота Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина 2 – 2 прод.
(6-5 пен.)
Данска Данска Кирин Куп - заменет 46'
07-06-2016 Суита Бугарија Бугарија 0 – 4 Данска Данска Кирин Куп - влегол во игра 70'
31-08-2016 Хорсенс Данска Данска 5 – 0 Лихтенштајн Лихтенштајн Пријателска -
04-09-2016 Копенхаген Данска Данска 1 – 0 Ерменија Ерменија Квал. за СП 2018 - влегол во игра 81'
08-10-2016 Варшава Полска Полска 3 – 2 Данска Данска Квал. за СП 2018 - влегол во игра 82'
11-10-2016 Копенхаген Данска Данска 0 – 1 Црна Гора Црна Гора Квал. за СП 2018 - добил жолт картон во 90-тата минута 90'
11-11-2016 Копенхаген Данска Данска 4 – 1 Казахстан Казахстан Квал. за СП 2018 -
26-03-2017 Клуж-Напока Романија Романија 0 – 0 Данска Данска Квал. за СП 2018 -
06-06-2017 Брондбивестер Данска Данска 1 – 1 Германија Германија Пријателска -
10-06-2017 Алмати Казахстан Казахстан 1 – 3 Данска Данска Квал. за СП 2018 -
01-09-2017 Копенхаген Данска Данска 4 – 0 Полска Полска Квал. за СП 2018 1 добил жолт картон во 42-рата минута 42' заменет 86'
04-09-2017 Ереван Ерменија Ерменија 1 – 4 Данска Данска Квал. за СП 2018 3
05-10-2017 Подгорица Црна Гора Црна Гора 0 – 1 Данска Данска Квал. за СП 2018 -
08-10-2017 Копенхаген Данска Данска 1 – 1 Романија Романија Квал. за СП 2018 -
11-11-2017 Копенхаген Данска Данска 0 – 0 Ирска Ирска Квал. за СП 2018 (Бараж) -
14-11-2017 Даблин Ирска Ирска 1 – 5 Данска Данска Квал. за СП 2018 (Бараж) -
22-03-2018 Брондбивестер Данска Данска 1 – 0 Панама Панама Пријателска -
27-03-2018 Олборг Данска Данска 0 – 0 Чиле Чиле Пријателска - заменет 72'
Вкупно Настапи 25 Голови 4

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 14 април 2014.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008-2009 Данска Копенхаген ДСЛ 0 0 КД 2 0 КУ 0 0 - - - 2 0
2009-2010 ДСЛ 9 0 КД 0 0 ЛШ+ЛЕ 1[17]+2 1[17]+0 - - - 12 1
2010-2011 ДСЛ 16 1 КД 2 0 ЛШ 2 0 - - - 20 1
2011-2012 ДСЛ 19 1 КД 1 0 ЛШ+ЛЕ 3[18]+4 0+0 - - - 27 1
2012-2013 ДСЛ 21 1 КД 3 0 ЛШ+ЛЕ 2[19]+6 0+0 - - - 32 1
2013-2014 ДСЛ 32 3 КД 5 0 ЛШ 6 0 - - - 43 3
2014-2015 ДСЛ 27 2 КД 6 1 ЛШ+ЛЕ 4[20]+5 0+0 - - - 42 3
2015-2016 ДСЛ 29 5 КД 5 1 ЛЕ 4 0 - - - 38 6
2016-јан. 2017 ДСЛ 19 6 КД 0 0 ЛШ 11[21] 2[22] - - - 30 8
Вкупно Копенхаген 172 19 24 2 50 3 - - 246 24
јан. - јун. 2017 Германија Вердер Бремен БЛ 13 4 - - - - - - - - - 13 4
2017-2018 БЛ 28 2 КГ 4 0 - - - - - - 32 2
Вкупно Вердер Бремен 41 6 4 0 - - - - 45 6
Вкупно во кариерата 213 25 28 2 50 3 - - 291 30

Хет-трикови[уреди | уреди извор]


Титули[уреди | уреди извор]

Данска ФК Копенхаген[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. DELANEY DISCUSSES AMERICAN ROOTS Архивирано на 2 февруари 2017 г., Yanks Abroad, 11 April 2012
  2. Thomas Delaney forlænger til 2015, ФК Копенхаген, 6 јули 2013
  3. Thomas Delaney på A-landsholdet fck.dk
  4. „Delaney stunner helps Danish champions canter to victory - beIN SPORTS“.
  5. UEFA.com. „Observers' choice: goals of the #UCL season“.
  6. „Thomas Delaney to move to Werder in the winter“. Werder Bremen. 17 August 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-18. Посетено на 17 August 2016.
  7. Walsh, Jonathan (17 August 2016). „Delaney delight at Werder move“. VAVEL. Посетено на 17 August 2016.
  8. „Bremen bounce back at Mainz“. Bundesliga. 18 February 2017. Посетено на 18 February 2017.
  9. „Thomas Delaney treble boosts Werder Bremen“. Bundesliga. 1 April 2017. Посетено на 1 April 2017.
  10. „Hertha Berlin-Werder Bremen 1-1 (1-0)“. Bundesliga. 10 септември 2018. Архивирано од изворникот на 2017-09-14. Посетено на 18 април 2018.
  11. „Delaney wechselt für 20 Millionen Euro zum BVB“. kicker Online (германски). 7 June 2018. Посетено на 7 June 2018.
  12. „Borussia Dortmund verpflichtet Thomas Delaney“ (германски). 7 June 2018. Посетено на 7 June 2018.
  13. Danimarca: Delaney c'è, Kjær no Uefa.com
  14. „Danimarca-malta 6-0“. Eu-football.info (англиски). Посетено на 31 март 2016.
  15. Denmark-Poland 4-0 transfermarkt
  16. „Tomas napast! (VIDEO)“. mozzartsport.com. 4 септември 2017. Посетено на 16 април 2018.
  17. 17,0 17,1 1 во квалификациските рунди.
  18. 3 настапи во квалификациските рунди.
  19. 2 настапи во квалификациските рунди.
  20. 4 настапи во квалификациските рунди.
  21. 5 настапи во квалификациските рунди.
  22. 1 гол во плејофот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]