Црква „Св. Петка“ - Русиново
Света Петка
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Струмичка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°41′24.59″N 22°48′19.27″E / 41.6901639° СГШ; 22.8053528° ИГД |
Место | Русиново |
Општина | Берово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Изградба | XIX век |
Архитектонски опис |
Света Петка — главна селска црква во малешевското село Русиново.[1] Црквата е сместена надвор од селото, десно од локалниот пат, кој води до соседното село Владимирово.[2] Покрај нејзе наоѓаат и селските гробишта.
Црквата била изградена во првата половина на 19 век. Богата е со икони и записи кои се однесуваат на различни временски периоди.[2]
Градба
[уреди | уреди извор]Првобитната црква била мала по димензии, а подоцна била проширувана од западната и јужната страна за потребите на верниците.
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Остатоци од фрескопис на ѕидовите се зачувани само во средишниот дел на средишниот кораб. Најголем дел од иконите се изработени од познатиот беровски зограф, Гаврил Атанасов, а дел се изработени од непознат зограф. Сите икони се реставрирани во 2000 година, а подоцна е реставриран и дрвениот дел од иконостасот.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на црквата
-
Црквата со селските гробишта погледната од селото
-
Поглед на црквата
-
Селските гробишта
-
Влезот во црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Берово“. Берово. Архивирано од изворникот на 2016-05-13. Посетено на 17 април 2017. Text "Посетете го Берово" ignored (help)
- ↑ Илиевска-Арсова, Весна (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“ (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 43. Посетено на 17 април 2017.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Петка“ - Русиново на Ризницата ?