Svoboda | Graniru | BBC Russia | Golosameriki | Facebook

Линкови за пристапност

Почнуваат Параолимписките игри во Париз


Француската престолнина, која штотуку беше домаќин на Олимпијадата, повторно ветува дека ќе биде уште еден спектакл, со многу од истите локации кои ќе бидат домаќини на Параолимписки натпревари.
Француската престолнина, која штотуку беше домаќин на Олимпијадата, повторно ветува дека ќе биде уште еден спектакл, со многу од истите локации кои ќе бидат домаќини на Параолимписки натпревари.

ПАРИЗ (АП) - Параолимписките Игри треба да бидат отворени в среда со околу 4.400 спортисти со инвалидитет, трајни повреди или оштетувања.

Се подготвуваат да се натпреваруваат за 549 медали низ 22 спортови во текот на 11 дена во Париз.

Француската престолнина, која штотуку беше домаќин на Олимпијадата, повторно ветува дека ќе биде уште еден спектакл, со многу од истите локации кои ќе бидат домаќини на Параолимписки натпревари.

Историскиот плоштад Place de la Concorde, кој беше домаќин на скејтбординг, брејкденс и 3x3 кошарката за време на Олимпијадата, ќе биде домаќин на свеченото отворање.

„Ние сме во срцето на градот“, изјави претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет Ендрју Парсонс иза Асошиетед прес во вторникот. „Симболиката зад ова е слична на Градот Париз кои сесрдно ги прегрнува нашите спортисти“, изјави тој.

Шато де Версај, ќе биде домаќин на паракоњички настани.

Гранд Палас преминува од мечување во натпревари со инвалидска количка.

Локацијата покрај Ајфеловата кула, која беше домаќин на одбојка на плажа за време на Олимпијадата, ќе биде домаќин на фудбал за слепи лица, адаптација на играта за играчи со оштетен вид во тимовите на пет, со топка што испушта звук на допир.

XS
SM
MD
LG