Се чека на Законот за забрана на нефер трговски практики кој е во Собраниска процедура, а кој според Владата ќе ги заштити граѓаните од нови ценовни шокови какви што имаше во неколку наврати во последните две години. Нема да се продолжат ниту мерките за намалена царина за увоз на овошје и зеленчук
За среќа уште не се јавила детската парализа, која е најстрашна болест од овие од кои се вакцинираме, вели микробиологот, Никола Пановски. За поголем успех треба да има теренска вакцинација, како во поранешна Југославија, кога родителите не биле прашувани, додава епидемиологoт Јованка Коровешоска.
Гради меѓународна кариера и во речиси сите дела на уметницата Аница Китаноска преовладуваат мотиви од нејзиното родно Вевчани. Со исти мотиви е мозаикот за кој ја добила награда, а на кој работела 80 дена.
Веќе две години децата со страв одат во училиште, родителите со страв ги испраќаат, се кријат во скривници. Русија уништува сè, трговски центри, болници, градинки, училишта, истакна Александар Урбанович, претседател на здружението „Лесја Украинка“
Мора да имаме цврсти позиции по однос на тоа прашање, и ДУИ тоа ќе го направи, вели Бујар Османи на прашањето на Гласот на Америка дали ДУИ би влегле во идна Влада доколку не се усвојат измените за избор на претседател?
Првостепената пресуда од 2021 година каде Мијалков доби 8 години затворска казна но падна на Апелација. Обвинителството го смени делото поради измените во Кривичниот законик. Досега Мијалков доби затворска казна само за случајот „Империја“ и тоа откако се спогоди со Обвинителството
Вевчани е првата и засега единствена македонска општина која е дел од престижната листа на најдобри светски зелени дестинации. А во светски рамки само околу 500 локации можат да се пофалат со оваа титула
Седумнаесет илјади денари му недостасуваат на семејство каде двајцата родители се со минимална плата за да ги купат најнеопходните продукти. Доколку родителите се со просечна плата од 38 илјади денари, може да се протурка месецот и ако се живее под кирија бидејќи тогаш кошничката тежи 72.851 денар
Вчитај повеќе