Svoboda | Graniru | BBC Russia | Golosameriki | Facebook

Accessibility links

Breaking News

Закана за мирот и безбедноста е закана за децата


(FILE) Children gather in a school during their evacuation to western Ukraine, from the southern city of Kherson amid the Russian invasion of Ukraine.
(FILE) Children gather in a school during their evacuation to western Ukraine, from the southern city of Kherson amid the Russian invasion of Ukraine.

Одбивањето на хуманитарен пристап е едно од шесте тешки прекршувања против децата што се надгледуваат од Обединетите нации. Таквото негирање го нарушува правото на децата на живот, образование и највисокиот достижен стандард на здравје.

Секоја страна што ги спречува децата да добијат помош за спасување, што ја загрозува нивната егзистенција, мора да одговара, било да е тоа владин или недржавен актер.

„Да бидеме јасни: секоја закана за мирот и безбедноста е закана за децата“, рече постојаниот претставник на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд.

„А сепак, во секој агол на светот, милиони деца во конфликтните зони имаат очајна потреба од храна и чиста вода, образование и медицинска нега - сето она што е неопходно за живот“.

Во Мјанмар, децата Рохинџа се убивани, притворани и раселувани. Руските напади врз Украина убиваат деца и уништуваат училишта, болници и домови. Во Авганистан, девојчињата се соочуваат со системска дискриминација и насилство, додека Хутите ја попречуваат испораката на помош за спасување на 11 милиони јеменски деца, рече амбасадорката Томас-Гринфилд.
„Списокот на места каде децата живеат во страв, за жал, продолжува и продолжува“.

„Низ Сахел, вклучително и во Буркина Фасо, каде што тековното насилство затвори четвртина од сите училишта и остави стотици илјади мали деца со акутна неисхранетост. Во Израел, каде што децата беа убиени или земени како заложници од Хамас на 7-ми октомври и продолжуваат да се соочуваат со ракетни истрели. И во Газа, каде во последните неколку месеци, илјадници и илјадници деца беа повредени, сираци, убиени“.

„САД се горди што се водечки донатор на УНИЦЕФ и Светската програма за храна“, рече амбасадорката Томас-Гринфилд.

„Но, ние го повикуваме светот да направи повеќе – да даде повеќе – за да одговори на потребите на децата во вооружени конфликти“.

„Мораме да ја заштитиме медицинската, нутритивната и хигиенската поддршка за децата и нивните семејства, што служи како основа за нивното образование и ментално здравје. Мораме да ги обезбедиме правата на децата да играат, да бидат само деца; ова право да биде заштитено. И ние мора да одговориме на непосредните потреби на децата во конфликт, исто така, мора да ги земеме предвид ресурсите што им се потребни за нивната иднина“.

„Кога ќе се осигураме дека децата се безбедни, стоплени и нахранети“, рече амбасадорката Томас-Гринфилд, „Кога им даваме пристап до образование, здравствена заштита, до психолошка поддршка што им е потребна за да растат, не само што ја чуваме нивната иднина – градиме побезбеден, помирен свет за сите нас“.

XS
SM
MD
LG