Svoboda | Graniru | BBC Russia | Golosameriki | Facebook

Линкови за пристапност

„Кајмак“ на Милчо Манчевски го отвори Македонскиот филмски фестивал во Торонто


И годинава, Фестивалот е можност да ѝ се долови на публиката културата од Македонија, но и да им се даде простор на сите поврзани со неа – режисери, продуценти, сценаристи актери.
И годинава, Фестивалот е можност да ѝ се долови на публиката културата од Македонија, но и да им се даде простор на сите поврзани со неа – режисери, продуценти, сценаристи актери.

18-то издание на македонскиот филм во Торонто беше отворен со последниот филм на„Кајмак“ на Милчо Манчевски, најреномиран режисер, којшто „Њујорк тајмс“ на својата престижна листа го вклучи неговиот прв филм „Пред дождот“.

Мотото на филмот „Кајмак“ е непочитувана, неконвенционална и потресна љубовна приказна - или, подобро, две.

Како што самиот вели Манчевски за „Кајмак“, запрашан за лајтмотивот на филмот: „Сакав да раскажам љубовна приказна за возрасни. Прифатете ја лицемерната бајка за момчето кое ја запознава девојката, момчето губи девојка, момчето добива девојка, па живее среќно до крајот на животот во мисионерска позиција. Кој треба да одлучи што е правилно, и што погрешно е? Што е нормално? Дали е тоа општеството, семејството, поединецот?“.

Режисерот Милчо Манчевски, кој претходно доби Златен лав во Венеција со „Пред дождот“, ја раскажува приказната за вечната потрага по љубовта, но во оваа комедија ја поврзува со актуелни теми како сурогат - родителство, неверство, улогата на жената во семејството, во општеството, и сексуалната слобода.

„Богатиот пар Ева и Методи би сакале да одгледаат дете, но не ги сакаат сите маки на бременоста. Се појавува Доста, жена со ментална попреченост која е подготвена да дејствува како сурогат - мајка, а донорот е Методи. Во меѓувреме, нивните сиромашни соседи Данче и Карамба имаат сосема различни проблеми. Во нивната врска нема повеќе простор и време за интимност. Не помага тоа што Карамба е во врска со Виолетка, продавачка на пазарот на локалниот деликатес - кајмак, млечен производ. Но, Данче одлично се сложува со Виолетка. Тројцата, одлучуваат да се вселат, заедно“.

По премиерата на „Кајмак“ во ударниот вечерен термин во киното Карлстон во петокот во Торонто, беше објавен кус разговор со Милчо за ММФ од Европа, каде се наоѓа во моментов на промоција на филмот за европската публика.

И годинава, Фестивалот е можност да ѝ се долови на публиката културата од Македонија, но и да им се даде простор на сите поврзани со неа – режисери, продуценти, сценаристи актери.

Како и вообичаено на репертоарот доминираат теми кои го одбележаа и истакнуваат комплексниот македонски идентитет и неговите современи предизвици.

Гласот на Америка разговараше со некои присутни љубители на филмот. „Извонреден настан, не само за македонската заедница, туку и за градот Торонто. Можност да ја претставиме нашата храна, култура, музика, филм. Да покажеме дека имате талентирани филмаџии“, велат посетитети со кои разговораше Гласот на Америка на отворањето на Фестивалот во центарот на градот.

Брилијантно е да се види културното наследство, за минатото, сегашноста, иднината, потенцира организаторката Вирџинија Еванс.

Македонскиот филмски фестивал ќе расте, само ако расте бројноста на публиката вели организаторката Вирџинија Еванс, која речиси две децении неуморно работи на реализирање на филмската смотра, која секоја година, традиционално, се одржува во оваа метроропола за филмот во Канада.

XS
SM
MD
LG