Таравари и Јакимовски имаат рок од 48 часа да ја докомплетираат документацијата. Техничкиот премиер на средба со ДИК за да се предвидат евентуалните кризи. ОБСЕ ќе ги надгледува двојните избори со 320 набљудувачи. Претседателските кандидати почнаа со покани за вечери но и дуели
Дваесет и први март е Светски ден за лицата со Даунов Синдром. По тој повод ја реобјавуваме приказната за Гоце Маринковски од Штип, актер аматер. Поради Дауновиот синдром и поради општествените предрасуди не му било овозможено да добие соодветно образование и да застане целосно на театарската сцена.
Опасноста е во тоа што многу е тешко да се разликува што е реално, а што не е. Ако не правите двојна проверка, можете бргу да паднете во замката, предупредува консултантот за медиуми, Дитмар Шантин за злоупотребата на вештачката интелигенција за создавање лажни вести
Интерес да го остварат своето право на глас покажале околу три илјади македонски државјани, за парламентарните избори минимум е 5.335 пријавени колку што на претходните избори имал освоено пратеникот со најмал број гласови. Претседателските кандидати ги поднесоа кандидатурите
ДУИ предупредува на руско сценарио во државата, на опозицијата, кое имало за цел политички немири, по изборите на 8-ми мај
Министерството за одбрана, односно Армијата на Република Северна Македонија во својата структура го има воено-медицинскиот центар кој може да пружи општа медицинска помош, односно амбулантско лекување, но не и да лекува во болнички услови, велат од Одбрана.
Бектеши најави казни но и затварање на ланци маркети доколку трговците неосновано ги покачат цените во периодот од шест месеци до имплементација на Законот за забрана на нефер трговски практики. Тој ги повика производителите да не склучуваат договори под притисок со трговците и со маржи до 30 отсто
Договорот за набавката ќе биде потпишан деновиве, по што ќе почне процедурата за нивно производство и доставување во земјава. Според одлуката, ќе бидат набавени четири хеликоптери од типот AW149 и уште четири од типот AW169M
Вчитај повеќе